Euro NCAP – Комбињата под безбедносна лупа

FIAT Ducato и Ford Transit со златен статус

Заострените критериуми направија нова состојба на табелата

Во 2021 година, Euro NCAP започна да ја тестира безбедноста на комерцијални возила за да наметне повисоки стандарди. Во 2023 година правен е следниот чекор и ги заострува критериумите за рејтинзи. Тестирани се осумнаесет комбиња а ниту едно не го доби највисоката оценка. За разлика од патничките возила кои се оценуваат со ѕвездички, комерцијалните возила добиваат пет статуси и тоа: „не се препорачува“, „бронзен“, „сребрен“, „златен“ и „платинест“.

На последните тестирања во кои учествуваа 18 комбиња. Ниту едно не го доби највисокиот рејтинг поради построгиот протокол. FIAT Ducato повторно е на врвот, а него му се придружи Ford Transit. Само овие два модели го добија златниот статус. Mercedes-Benz Vito падна за едно ниво и им се придружи на останатите „сребрени“ Mercedes-Benz Sprinter и Nissan Primastar, како и двата модели на Volkswagen Crafter и T6.1.

Бронзата им беше доделена на Citroën Jumpy и Citroën Jumper, како и на идентичните модели Opel Vivaro, Peugeot Expert и Toyota Proace или Opel Movano и Peugeot Boxer. Имаше и „бронзен медал“ за Iveco Daily и Renault Master. На дното, и затоа не се препорачува, е Nissan Interstar во кого нема системи за избегнување судари. Според плановите на Euro NCAP, до 2026 година се очекува комбињата да ги имаат истите ADAS (ActiveDriverAsisstance) како и патничките автомобили.

Комерцијалните комбиња немаат поголема стапка на судари од другите возила, но судирите со комбиња имаат тенденција да бидат потешки за возилата со кои се судираат и за ранливите учесници во сообраќајот. Euro NCAP тврди дека технологијата ADAS може ефикасно да помогне во спречување или ублажување на последиците од овие несреќи. Сепак, комерцијалните комбиња често не се соодветно опремени со најсовремена технологија.

Новите критериуми на Euro NCAP за рејтинзи за комерцијални возила се на повисоко ниво,  со поголем акцент на ранливите учесници во сообраќајот, вклучително и безбедноста на пешаците, со фокус на ноќните сценарија и велосипедистите, како и воведувањето на едно ново сценарио за судар на комбе и автомобил. Од безбедносната опрема речиси сите тестирани примероци имаат стандарден асистент за поспаност, нешто помалку од половина имаат темпомат во основната верзија, но асистент за итно сопирање е достапен само како опција во сите случаи и тоа често не со откривање на пешаци или велосипедисти. Помагалата за одржување на лентата исто така не се стандардни никаде.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER