Euro NCAP – Системи за асистирано возење

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Секоја генерација е подобра од претходната

Како дел од својата тековна евалуација на технологијата за асистирано возење, Euro NCAP ги тестираше системите за асистенција на возачот на автопат понудени во четири модели активни на пазарот. Ова оценување не е дел од веќе познатиот востановен систем за пасивна безбедност. Тестовите се состојат од серија критични сценарија за возење на автопат дизајнирани да покажат колку ефикасно системот може да го поддржи возачот во избегнувањето можна несреќа. Проценката вклучува како возачот и системот соработуваат и како системот осигурува дека возачот останува ангажиран во возачката долќност. Конечно, се тестира способноста на возилото да ги ублажи последиците од несреќата во случај таа да е неизбежна. Новиот Qashqai, веќе извонредно оценет во севкупниот рејтинг на Euro NCAP, се издвојува во оваа рунда тестови. Со речиси совршено усогласени резултати за вклучување на возачот и помош на возилото, системот ProPILOT на автомобилот со Navi Link покажува одлична рамнотежа помеѓу помагањето на возачот и спречувањето на неговото прекумерно потпирање на електрониката. ID.5 на VW, кој дели заедничка платформа со ID.3 и ID.4, исто така добро функционира. Повторно, обезбедува високо ниво асистенција на возачот, поддржувајќи многу задачи при возење на автопат, но никогаш не промовира прекумерна доверба што може да доведе до одвлекување на вниманието на возачот. Polestar 2, кој веќе беше оценет минатата година, е ажуриран за да обезбеди подобра поддршка во свиоци кога е во режим на асистирано возење. Ажурирањето на верзијата P1.8, направено „преку воздух“ кон крајот на минатата година за сите возила на пазарот, го подобрува рејтингот на неговиот систем од умерено до добар. Jaguar I-PACE е најстариот автомобил во оваа група и неговиот систем е оценет како „влезно ниво“, што илустрира колку брзо оваа технологија се подобрува. Акцентот е ставен на возачот осигурувајќи се дека тој не се исклучува од возачката задача и е подготвен да ја преземе контролата кога е потребно.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER