Ем малку, ем лошо распределени

Колку полначи има во Европа?

Полначите за електричните возила во некои од земјите на ЕУ сé уште се реткост

Објавено на 23 септември 2021 година

Европската асоцијација на производителите на автомобили ACEA излезе со заклучок дека на Стариот Континент постои огромен проблем со полначите за електричните возила. Според нивните податоци во земјите од Европската Унија функционираат 224.237 јавни полначи, но лошо е што 70 отсто од нив се наоѓаат во само три земји. Најмногу, точно 66.665, ги има Холандија, а следат Франција (45.751) и Германија (44.538). Како овие три земји заедно опфаќаат 23 отсто од вкупната територија на ЕУ, останатите 30 отсто од полначите се распределени на 77 отсто од нејзината територија, односно ги има во просек осум пати поретко.

Токму густината, односно бројот полначи на 100 km патишта најдобро ја илустрира разликата во инфраструктурата меѓу земјите во Европа. Лидер е Холандија со 47,5 полначи на секои 100 километри, а на спротивниот крај на листата се Грција и Литванија со едвај 0,2 полначи на 100 километри, односно со по 1 полнач на секои 500 километри патишта. И додека добро стојат и Луксембург (34,5), Германија (19,4) и Португалија (14,9), негативен пример уште се и Полска (0,4), Кипар (0,5), Романија (0,5), Латвија (0,5), Унгарија (0,6), Естонија (0,7), Бугарија (0,8) и Чешка (0,9).

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER