Електро возила – инфраструктурата каска

Вести

ЕУ мора да забрза!

Во ЕУ најдобро рангирана држава според точки за полнење е Холандија а на дното на табелата е јужниот сосед.

објавено 05. јули 2021

Поради наметнувањето на електрификацијата реакција на Здружението на Германската автомобилска индустрија (VDA). Анализирано и оценето е проширувањето на инфраструктурата за полнење на батериски возила во 31 европска земја и направи валидно рангирање. Евалуацијата покажува колку јавно достапни точки за полнење има во една земја во однос на вкупниот број автомобили на сите видови погони. Резултатите се изненадувачки и покажуваат многу отворени горливи прашања кои секојдневно се појавуваат. Холандија го зазема првото место на рангирањето, а по неа следуваат Норвешка и Шведска. Иако Германија е на второ место веднаш пред Франција според апсолутниот број на точки за полнење, сепак е под просекот за сите европски земји кога се зема во предвид вкупниот број автомобили. Односот на електричните автомобили со станиците за полнење исто така значи дека многу земји во ЕУ имаат отидено чекор напред.

Европскиот просек е една точка за полнење на секои 887 автомобили. Во Холандија тој однос е најмал и бележи само 109 автомобили (82.263 станици за полнење за 8.938.572 регистрирани автомобили). Норвешка е на второто место со 147 автомобили по точка за полнење или вкупно 19.119 станици за полнење се регистрирани во Норвешка и регистрирани се 2.816.038 автомобили. Третото место и припадна на Шведска со 353 автомобили по полнач. Со 1.014 автомобили по полнач, Германија е сè уште под просекот и се наоѓа на дванаесеттото место. „Колку повеќе точки за јавно полнење има, толку е попривлечно за потрошувачите да се префрлат на електрични погони“, нагласува претседателот на VDA, Хилдегард Милер. Во моментов не се зборува за инфраструктура за полнење низ цела Европа. Понатаму се наведува дека „Доколку Европската Комисија размислува во иднина само да наметне нови автомобили со електричен погон, ќе мора да обезбеди мрежа за полнење низ цела Европа.

За таа цел, Владата на ЕУ сега мора да постави обврзувачки цели за проширување за сите земји“, рече Милер. „Ова вклучува точки за полнење во домовите, на работните места, во квартовите и на јавните патишта кои  сите треба да бидат снабдени со 100 проценти зелена електрична енергија! Доколку не се достапни доволно точки на полнење, ниту доволно зелена електрична енергија за индивидуален транспорт, трансформацијата во неутралност на отисокот врз климата нема да успее. Такво лошо планирање од страна на Комисијата на ЕУ би чинело многу работни места во многу европски земји и значително ќе ја ограничи слободата на мобилност за граѓаните“. Станица за полнење на еден електричен автомобил е дефинирана како точка за полнење. Според резултатите на истражувањето составен е редоследот на држави опфатени со него, а тој изгледа вака: Холандија, Норвешка, Шведска, Луксембург, Белгија, Исланд, Швајцарија, Австрија, Франција, Данска, Финска, Германија, Велика Британија, Словенија, Португалија, Ирска, Унгарија, Словачка, Естонија, Хрватска, Италија, Летонија, Шпанија, Малта, Чешка, Полска, Бугарија, Кипар, Литванија, Романија и Грција.