Daga Stroke карго трицикл :: Електрично возило какво не очекувавме

Електрично возило какво не очекувавме

Од Јапонија ни доаѓа нешто сосема невообичаено
Објавено на 9 септември 2018 година

Електричните возила незапирливо го освојуваат светот, а меѓу нив има и такви какви што воопшто не ги очекувавме. Најновиот жив доказ ни доаѓа од Јапонија, каде сосема непознатата компанија Daga претстави сосема непознат концепт на возило кое има три тркала и се навалува во свиоци. Но, не брзајте – иако описот ви звучи познато, се работи за товарен велосипед-трицикл наменет за превоз на стока со уникатна конструкција во целост прилагодена на намената – транспорт на помали товари за градска достава.

Јапонците на својот првенец имаат работено година ипол. Го нарекоа Stroke од само ним познати причини, а целокупната изведба се базира на идејата просторот за превоз на товарот да биде сместен во централниот дел, односно среде рамката, со што тежиштето на целото (товарено) возило се наоѓа таму каде треба – на средината. Во целост искористувајќи ги законите на физиката, тие на трициклот дополнително му имаат додадена можност за навалување со што е овозможено негово полесно поминување низ свиоците, при што возачот заради двете предни тркала не мора да се грижи за евентуално превртување, дури и при максимални брзини – вградениот електромотор едвај го потерува до 24 km/h. Ќе ни извините што други спецификации не објавуваме, ама целокупната комуникација на јапонската компанија е на јапонски. Ја препознавме уште и бројката 60 km, што најверојатно е автономијата.

Својот концепт Daga го има претставено во неколку варијанти, кои можат да послужат за градска достава на храна или пакети, разнесување на пошта и како возила за превоз на помали товари во фабричките кругови. Неговите творци во моментов се на принудна креативна пауза бидејќи собираат средства за инвестициски капитал за да можат да започнат со сериско производство.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER