После Кина и Европа бара законски решенија за електричните рачки на автомобилите кои се вовлекуваат во каросеријата
Потенцијалниот ризик од неможноста да се отворат вратите во случај на несреќа или дефект на електричниот систем го натера европскиот совет за безбедност во транспортот да побара итни промени на прописите. Дека не се работи само за теоретска опасност сведочат и неколкуте забележани трагични случаи на пожар и потонување на возилото. Според нивното мислење естетиката и иновациите не треба да бидат спроведувани на сметка на безбедноста заради што ваквите рачки мора да имаат механизам за мануелно отворање. Слично размислуваат и соодветните национални агенции во Холандија, Германија и Јужна Кореја но и работната група за хармонизација на возилата при Обединетите нации.


