Ех, и тоа се случува…
Mercedes го повлече AMG G65 во САД бидејќи е премногу брз кога вози наназад
Објавено на 31 јули 2018 година
Mercedes го повлече снобовскиот AMG G65 од пазарот на САД заради причина која нема да ви се верува. Можеби не веруваат ниту сите 20 негови купувачи во Соединетите Држави, но сепак ќе мора да се јават во сервис за им биде отклонет „дефектот“ – моќниот теренец со 630 KS и 991 Nm е премногу брз кога вози наназад. Mercedes-AMG G65 е тежок 2.835 килограми, но нема проблем со брзината – барем кога вози накаде треба. Сепак, американските регулатори проценија дека неговиот 6-литарски твин-турбо V12 агрегат премногу брзо го движи наназад – конкретно побрзо од 25 километри на час, што може да доведе до нестабилност па дури и до превртување на возилото. Според соопштението на американската национална администрација за безбедност во сообраќајот, G-класата има софтвер кој го регулира тоа и тој мора да се ажурира. Кога вози нанапред, Mercedes-AMG G65 забрзува до 96 km/h за 5,1 секунда.
Овој модел на Mercedes во САД чини 222.700 долари.