Групата Renault се подготви за заминувањето на Лука де Мео
Управниот одбор на групата Renault одлучи да го назначи Данкан Минто за главен извршен директор кој функцијата ќе ја обавува привремено. Минто кој се има приклучено на Renault во Велика Британија во 1997 година моментално е финансиски директор на групацијата. Тековното управување со компанијата ќе го врши со заедно со Жан-Доминик Сенар кој е на позицијата претседател на Renault S.A. Процесот на избор на нов главен извршен директор е во тек, без назнаки за тоа кога би можел да финишира и кои имиња се разгледуваат.


