Нов тандем

Дукати претстави два нови модели од семејството Scrambler

објавено 18. октомври 2021

Двата нови продукти со беџот на Ducati ја делат основната припадност , но со сосема поинаква маркетинг стратегија. Scrambler 1100 Tribute PRO му оддава почит на двоцилиндарскиот мотор со воздушно ладење, ја слави традицијата и 50 годишнината од постоењето на компанијата додека Scrambler Urban Motard е со модерен изглед наменет за помладите, но исто така за оние кои се во потрага по мотоцикл интересен за возење. За Ducati Scrambler 1100 Tribute Pro, Centro Stile Ducati беше инспириран од иконски елементи на брендот од 1970 -тите, како што е специјалната боја „Жолта Окра“, логото дизајнирано од Giugiaro и жичени тркала.

Од технички аспект, двоцолиндрашот од 1.079 кубика испорачува 85 КС и вртежен момент од 90,5 Nm при 4.750 вртежи во минута. Scrambler 1100 Tribute Pro е стандардно опремен со три програми за возење, од кои секоја работи со различни режими на моќност и различни нивоа на контрола на влечењето. Благодарение на фаровите со LED дневни светла, мотоциклот е секогаш лесен за воочување. Ducati Scrambler Urban Motard, како што сугерира името, е создаден за урбана средина.

Centro Stile го имплементираше ова во нова шема на бои. Кај него моторот има помала зафатнина, 803 кубика, 73 КС и 66,2 Nm при 5.750 вртежи во минута. Стандардно, Urban Motard доаѓа со LED дневни и задни светла. Сите модели на Ducati Scrambler се опремени со ABS, мултимедијална подготовка вклучувајќи спојување со паметни телефони и USB порта под седиштето. Scrambler 1100 Tribute Pro ќе биде достапен на пазарот од следниот месец а моделот Scrambler Urban Motard ќе следи од јануари 2022 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER