Ducati направи лимитирана едиција на Diavel во омаж на Bentley Batur

Престижниот италијански производител на мотоцикли е дел од Volkswagen Group и оваа врска резултираше со голем број мотоцикли инспирирани од моделите на сонародникот, исто така дел од волфсбуршката групација, Lamborghini. Сега Ducati отиде подалеку, но остана во рамките на групацијата, и претстави изведба инспирирана од Bentley Batur.

Основа е Ducati Diavel V4 кој ќе биде ограничен на 550 единици, вклучувајќи и 60 примероци на ексклузивната варијанта Mulliner. Ова е првата соработка помеѓу двата бренда, а моделот е визија за перформанси, изработка и ексклузивност. За оваа прилика дизајнерите на Bentley работеа заедно со Centro Stile Ducati за да развијат уникатен изглед на мотоциклот.

Специјалното издание е офарбано во Scarab Green од палетата на бои на Bentley Mulliner. Тоа не е единствената промена. Сега се вметнати двобојни доводи за воздух и триаголни аспиратори слични на оние што се наоѓаат на Batur. Задниот дел на мотоциклот превзема многу стилски знаци од задниот дел на Batur и има опашка типична за едносед, која може да се замени со совозачко седиште.

Оклопот на мотоциклот во големо користи јаглеродни влакна на калниците, страничните панели и опашката. Други карактеристики ја вклучуваат ознака на Bentley, црно Alcantara седиште и модифициран издув. Производството е ограничено на 500 единици, но ќе има дополнителни 50 примероци познати како Ducati Diavel за Bentley Mulliner.

Последните се достапни исклучиво за клиентите на Bentley Mulliner и можен е широк спектар на персонализација. Конкретно, варијантите на Mulliner нудат различни бои за седиштето, клештите на предните сопирачки, деловите од јаглеродни влакна и тркалата.

Клиентите исто така имаат пристап до ексклузивна палета на бои и можат да го обојат мотоциклот за да одговара на нивниот автомобил. Без оглед на тоа која изведба ќе биде избрана, двете варијанти ги движи 1,2-литарски V4 Granturismo кој произведува 170 КС. Тоа е далеку од 740-те коњи на твин-турбо W12 мотор на Batur, но овозможува забрзување до стотка помалку од три секунди.

Испораките ќе започнат во текот на следното лето, а цената започнува од 65.000 и се искачува до 80.000 евра за варијантата Mulliner. Како што бива за вакви изведби, ќе бидат испорачани во ексклузивна персонализирана дрвена кутија со која доаѓа цирада за мотоциклот и потврда за автентичност.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER