Ducati – полугодишен рекорд

Вести Моторцикли

Streetfighter V4 вистински шлагер

Црвеното салдо не го гаси оптимизмот на Ducati

објавено 18. јануари 2021

И покрај тоа што продажбата на 48.042 мотоцикли означува пад за 9,7 проценти во споредба со 2019 година, Ducati е задоволен од изминатата година доколку се земат во предвид сите околности. Во последните шест месеци од 2020 година, подружницата на Audi ја оствари најголемата семестрална продажба до сега! Овој скок се должи на добриот раст на некои пазари и покрај седум-неделното стопирање на производството во пролетта поради короната. Трендот на раст во Кина продолжи со продадени 4.041 моторцикл (пораст за 26%). Земјата со тоа стана четвртиот по големина пазар за компанијата. Зголемување е забележано и во Германија со 5.490 нови регистрации (+ 6,7%), а продажбата во Швајцарија пораснала за единаесет проценти. Матичната земја Италија останува најважниот пазар со 7.100 единици. Streetfighter V4, кој беше претставен на крајот на 2019 година, веднаш се разви во најпопуларниот модел на Ducati со продадени 5.730 единици.