DS на салонот во Париз

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Ретуширање со скриена порака

Малку во сенка на постариот брат, ​​француската премиум марка на Stellantis настапи во Париз со рестилизираните DS3 и DS7. Но освен освежувањето тие со себе донесоа и една скриена порака – го изгубија суфиксот Crossback во својата ознака што укажува на посилно свртување на производителот кон кросовер сегментот. Модификациите што ги претрпеа повеќе или помалку не се значајни – DS7 кој беше покажан уште во јуни доби нов поагресивен изглед со нови дневни светла и преработен браник. Назад ревидирана е задната врата, а светлата се потенки и поврзани со тенка црна лента. Под хаубата приказната е скратена од долното и проширена кон горното ниво – бензинецот со 180 KS исчезна а е додадена плаг-ин хибридна варијанта со 360 KS која ја користи технологијата од DS9 и Peugeot 508 PSE.

Рестилизирањето на DS3 помина малку посрамежливо. Предните светла добија хоризонтални проектори, а вертикалните дневни светла се инспирирани од оние на DS4. Назад нема промени, а во внатрешноста тие се скоро безначајни. Под хаубата главната модификација се однесува на електричната E-Tense варијанта која го доби новиот електро пакет на Stellantis со 156 KS и автономија од 402 km благодарение на капацитетот на батериите зголемен на 54 kWh.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.00 ден
  • еуросупер 98 - 82.50 ден
  • еуродизел Д5 - 81.50 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 123.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER