McLaren Senna GTR :: Достоен за наследник на F1 GTR

Достоен за наследник на F1 GTR

Објавено на 13 март 2018 година

Автомобилот на McLaren направен во чест на Сена доби тркачка изведба. Веќе по агресивните каросериски додатоци и големото задно крило е јасно дека на инженерите во фокус им било постигнување што поголема сила на прилепување. Целта е постигната во голем стил – бројките велат дека McLaren Senna GTR создава аеродинамичен потисок од дури 1.000 килограми. Освен тоа добиен е и изглед на чистокрвен тркач, за кој во оваа фаза на развој е наменет истиот 4-литарски битурбо мотор со 825 коњи. Прашање е дали и ќе му требаат повеќе бидејќи со помош на бројните карбонски додатоци тежината е намалена на 1.200 килограми. Британците велат дека Senna GTR е најбрзиот McLaren надвор од формула 1 патеките. Дали е така ќе се уверат 75 купувачи кои ќе платат по милион и сто илјади евра за него.

McLaren Senna GTR

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER