Што поскапо, тоа побарано!
Производителот на ексклузивни малосериски спортски автомобили се пишмани
Кога го најави спортскиот F22, холандскиот Donkervoort објави дека ќе произведе само 75 примероци. Двоседот со подвозје и каросерија изработена во куќата од Audi го позајми 2,5-литарскиот петцилиндричен мотор кој за оваа пригода е „навиен“ на 500 КС и 640 Nm.
Преку пет степен мануелен менувач силата се пренесува на задните тркала. Целиот автомобил тежи само 750 килограми што овозможува извонредни перформанси. Максималната брзина е 290 км/ч, спринта до стотка за 2,5 секунди, а пет секунди подоцна сказалката покажува 200 км/ч! Иако чини 296.000 евра, првичната квота е продадена, па затоа Donkervoort обезбеди проширување на квотата за уште 25 примероци.
Затоа, производството на холандскиот спортски автомобил нема да заврши на крајот на 2024 година, туку само во средината на 2025 година. Веќе се испорачани првите возила, има и пет нарачки од САД.


