Претседателот Трамп – Нови идеи за американската автомобилска индустрија

Доналд Трамп повторно ги разбранува автомобилските води со нови одлуки.

Освен ублажувањето на стандардите новиот негов правец кој тој го нарече победа на здравиот разум предвидува измени и во класификацијата на возилата, со што производителите полесно би ги постигнувале поставените лимити.

Според Белата куќа овие потези би ги намалиле цените на возилата за скоро илјада долари и на американските семејства би им заштедувале повеќе од дваесет милијарди долари годишно. Колку за информација, цената на бензинот таму се движи околу 3 долари за галон што изнесува нешто над 40 денари за литар.

Но Трамп им го скрати радувањето на челните луѓе на производителите на возила бидејќи заедно со оваа вест им соопшти дека при неговата посета на Јапонија се воодушевил од нивните Кеи автомобили. Толку многу што веќе им дал налог на своите служби веднаш да ги прилагодат прописите вакви возила да можат да се произведуваат и продаваат во Соединетите Американски Држави.

И веднаш следеше изненадување – Stellantis најави дека ќе ја прошири понудата на Fiat на Новиот континент со Topolino. Малото електрично автомобилче во Европа е класифицирано како четирицикл и чини десет илјади евра.

Долго е два ипол метра а има само осум коњски сили. Брзината му е ограничена на 45 километри на час а со едно полнење на батериите може да помине околу 75 километри. Продажбата во Америка ќе му започне идната година.

Fiat во моментов таму го нуди единствено електричниот 500 по цена од 30 илјади долари.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER