Kia Niro EV :: До 380 километри со едно полнење

До 380 километри со едно полнење

Светот на електричните возила оди сé подалеку – најновиот таков модел на Kia може да помине 380 километри со едно полнење
Објавено на 8 мај 2018 година

На манифестација во Јужна Кореја посебно наменета за електрични возила, Kia на јавноста ја покажа сериската верзија на електричниот Niro. Тој како концепт се појави во Лас Вегас на CES саемот на потрошувачка електроника, но тогаш не беше познат неговиот финален изглед. Сега се гледа дека Kia Niro EV од другите верзии на овој модел се разликува по маската и браникот на предниот дел, а има и нови тркала. Спецификациите кои тогаш беа објавени скоро во целост се задржани – со батериите од 39,2 kWh неговата автономија изнесува околу 240 km, а со помоќниот пакет батерии од 64 kWh може да помине до 380 km со едно полнење. Овој електричен кросовер во Јужна Кореја веќе го имаат нарачано околу пет илјади купувачи. Во Европа ќе биде понуден најверојатно до крајот на годинава, но цените засега не се познати. Од Kia не испуштија да напоменат дека за PHEV верзијата на Niro лани се одлучиле 23.467 купувачи.

Kia Niro EV

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER