Директорот на Ауди Руперт Штадлер експресно ослободен

Директорот на Ауди Руперт Штадлер експресно ослободен

Објавено на 20 јуни 2018 година

Ама од должностите во компанијата – тој и понатаму останува во притвор заради сомневањата дека сега, скоро три години после избивањето на дизелгејт аферата, може да уништи докази и да влијае на сведоците во истрагата. На неговото раководно место германскиот производител го назначи првиот човек на одделението за продажба Абрахам Шот. На функцијата тој се наоѓа привремено, што значи дека групата VW не ја признава вината на Штадлер во дизелгејт аферата, иако тој на раководното место во Audi се наоѓаше од 2007 година. Тоа всушност е и причината за сомневањата во неговата инволвираност – никој ниту во јавноста, ниту во обвинителството не може да поверува дека тој толку години како прв човек на Audi не знаел или не дознал што работат неговите подредени. Заради истото, не треба да изненади и Мартин Винтеркорн да се најде на удар на цунами-ефектот од дизелгејт аферата.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER