Динамиката на прво место
Новиот Peugeot 508 е подготвен за битката на пазарот – се чека само на неговото официјално претставување
Објавено на 26 февруари 2018 година
Во Женева ќе нé пречекаат околу 110 светски и европски премиери, меѓу кои новиот Peugeot 508 ќе биде меѓу главните. Овој салон на автомобилите важи за неутрален, но тоа не се однесува на публиката – таа е наклонета кон сé што е убаво. А мора да признаеме дека ова што го гледаме навистина е такво. Новиот Peugeot 508 е прекрасно имплементирање на концепт линиите на ланскиот Instinct, какво што ретко имаме прилика да видиме. Со припитомувањето на неговиот футуристички стил е добиена спортско-елегантна лимузина која просто плени со својот дизајн, оставајќи без зборови. Сепак бидејќи треба да кажеме нешто, нека тоа биде впечатокот дека француската марка со новиот 508 повторно се открива себе си.
Скршнувајќи од кросовер-насоката на која последниве години се наоѓаше, Peugeot успеа да направи доста интересен модел. Лимузинските линии се мешаат со динамиката на дизајнот, уверувајќи во решеноста 508 да биде трн во окото и на европските премиум марки. Сериозноста навистина да биде тоа Французите ја потврдуваат со техничките решенија, посебно во внатрешноста. Таму овој автомобил има што да покаже, посебно во поглед на опремата и стилските детали. Дизајнот е ориентиран према чистотата на линиите и апсолутната подреденост на модерната технологија. Тоа значи дека на купувачите на располагање ќе им биде сета сила на сензорите, сигурносните и други помагала, но и неколку ставки кои подржуваат автономно возење. Механиката во добар дел се базира на онаа која веќе ја користат 5008 и DS7 Crossback. Што се однесува до моторите не треба да се очекува револуција, бидејќи Peugeot никогаш не настапува така. Најсилниот агрегат во понудата ќе има 225 коњски сили, кому друштво ќе му прави неговата послаба верзија со 180 коњи. Дизели ќе има три, со 130, 160 и 180 коњски сили. Секој од агрегатите ќе може да се спари со напреден автоматски менувач со осум степени.
Цените во овој момент ни приближно не се познати, но не е тешко да се претпостават. Прогнози за бројките за продажбата нема, но без грижа на совеста ќе заклучиме дека ентузијазам во Peugeot по ова прашање не недостасува. Реалноста ќе ја дознаеме во септември, кога ќе започне продажбата.