Кој ќе успее во Њујорк, ќе успее секаде!

Триото DEUS Automobiles, Italdesign и Williams Advanced Engineering настапија заедно на Менхетн со желба да ја формираат иднината на луксузните електрични хиперавтомобили.

Уникатното партнерство произлезе од амбицијата на DEUS да дизајнира и создаде електричен хиперавтомобил за да стане репер за возбудливи емоции. Во тоа име ангажиран е Italdesign да го формира изгледот на дизајнерскиот концепт  Vayanne кој започна да се обликува во 2020 година. Целта е да се произведе електрично возило кое ќе ја премине границата од 2.200 коњски сили и истовремено обезбедува удобно и луксузно возење, извонредни перформанси и максимална дневна употребливост во класата на хиперавтомобили. Затоа на помош е повикано одделението за напреден инженеринг на Williams способно да го произведе подвозјето и погонот. Нивната работа ќе резултира со секавични перформанси, забрзување до стотка пократко од две секунди и лимитирана максимална брзина. Соработката помеѓу двата великани, Italdesign и Williams, започна лани со обелоденувањето на партнерството за флексибилна платформа за БЕВ со високи перформанси. Затоа соработката со DEUS претставува возбудлива можност да се прикаже уште еден нов пристап на електрификацијата и производствените способности на Williams Advanced Engineering, заедно со инженерското знаење и стилизирање на Italdesign. Иако привлече забележително внимание Deus Vayanne нема дата за почеток на производството, но се најавува како реалност во догледен период.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER