Студијата на Дилојт покажа интересни резултати

Менувам бренд, класичен погон и воланот во мои раце. Накратко ова е заклучокот од студијата на угледната консултантска куќа

Минатата година, глобалната продажба на EV и PHEV за прв пат надмина 17 милиони единици. Со ова растот на продажбата на електрични и приклучни хибриди на светско ниво бележи огромен пораст од 25,6% во однос на 2023-та година. Сепак, студијата што ја направи Deloitte, една од водечките советодавни и консултантски компании, покажува дека огромно мнозинство на купувачи на автомобили на големите пазари ширум светот не се заинтересирани да купат EV или PHEV како нивно следно возило.

Додека резултатите варираат помеѓу пазарите, погонот на согорување е убедливо најпопуларен. На повеќето пазари освен Кина, EV и PHEV ниско рангираа на шопинг листите. Во Соединетите Американски Држави, само 5% од испитаниците рекле дека бараат EV како нивно следно возило, додека 6% се изјасниле дека предност даваат на приклучните хибриди (PHEV). За споредба, 62% од испитаниците рекле дека нивниот избор е класичниот погон, додека 20% може да изберат обичен хибрид.

Резултатите беа слични и на другите пазари. Низ Југоисточна Азија резултатите се слични. 53% би сакале погон на согорување, 17% размислуваат за хибрид, 13% се за PHEV и 11% за EV. Во Германија, исто како во Југоисточна Азија, 53% од испитаниците со следното ново возило би сакале да останат верни на цилиндрите, а само 9% се за PHEV и 14% за EV. Работите се поинакви во Кина. Таму 38% се изјасниле за погонот на согорување, 16% во корист на хибрид, 17% за PHEV и значителни 27% наклонети кон EV. Броевите не лажат – но дали ја кажуваат целата вистина?

Иако овие резултати може да бидат изненадувачки, со оглед на високо зголемената побарувачка за електрични возила во 2024 година, постои огромна забелешка што се однесува до оваа студија поради бројот на испитаниците. Во САД, анкетирани се само 937 лица, а во Кина, само 939 одговориле на прашањето. Поради тоа тешко е да се направи опширна и реална слика за тоа колку луѓе сакаат или не сакаат EV или PHEV како нивно следно возило.

Сепак, студијата откри некои интригантни пикантерии. Се чини дека лојалноста на брендовите е во опаѓање. Во САД, 54% од сопствениците на возила планираат да се префрлат на друга марка за нивниот следен нов автомобил. Оваа бројка е уште подраматична во Кина, каде што неверојатни 76% се подготвени за промена. На глобално ниво, Deloitte забележува дека пребегнувањето од еден на друг брендот е во пораст, што сигнализира промена во приоритетите на потрошувачите.

Студијата, исто така, ја допре често поларизирачката тема за автономните возила, и се чини дека скептицизмот е сè уште жив и здрав. Во САД, 52% од испитаниците изразиле загриженост за роботакси услугите кои работат во нивните населби, додека 64% не биле расположени за автономните комерцијални возила кои крстарат по автопатите. И покрај сета врева околу технологијата за самоуправување, јасно е дека многу потрошувачи сè уште не се подготвени да го предадат воланот.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER