Дакар 2019 :: Ќе го биде или не?

Ќе го биде или не?

Одржувањето на идното издание на релито Дакар е доведено во големо прашање
Објавено на 30 јуни 2018 година

Славеничката торта по повод 4-деценискиот јубилеј на релито Дакар ќе има горчлив вкус – организаторот едвај го спаси неговото одржување. Критичниот удар го зададе Чиле, кој го откажа своето гостопримство на учесниците на најтешкото рели на планетава. Тоа предизвика и Боливија и Аргентина да се премислуваат, заради што закажаната презентација на трасата на релито Дакар 2019-та беше откажана. Организаторот сепак реагираше брзо и се договори со единствената земја кое го потврди своето учество и го најави настанот под слоганот 100% Перу – 100% Дакар. Но со ова проблемите не се решени. Тие допрва претстојат бидејќи заради промената на власта во оваа земја организаторот на релито едноставно нема со кого да разговара околу техничките детали и неговата подготовка. Заради сето ова, се започна со разгледување на опциите за враќање на релито Дакар во Африка. Посебно се потенцираат Алжир, Ангола и Намибија, каде наводно веќе е разговарано на високо ниво.

Првичната идеја беше годинешното издание на релито Дакар да се вози од едниот до другиот крај на Јужна Америка, заради што во рутата беше вклучен и Еквадор. Но Чиле се повлече заради економските проблеми во земјата, со надеж дека догодина повторно ќе се вклучи во неговата организација. Релито Дакар треба да се вози од 6 до 17 јануари 2019 година. На распоредот се десет етапи кои ќе се возат главно по песочни дини, а стартот и целта ќе бидат во Лима. Премиерното издание на релито Дакар се одржа во 1979 година, на трасата која водеше од Париз до Дакар. Во Јужна Америка се пресели во 2009-тата, заради безбедносни причини. На годинешното негово издание настапија преку 500 учесници во 335 возила. Маратонскиот тест на издржливоста го завршија повеќе од половината, меѓу кои најуспешни по категории беа Peugeot, KTM и Kamaz.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER