Daimler во загуба, Кинезите купија 5% од акциите

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Daimler во загуба, Кинезите купија 5% од акциите

Објавено на 25 јули 2019 година

Две меѓу себе неповрзани вести за Daimler проструија деновиве низ јавноста, отворајќи прашање што (ќе) се случува со германскиот производител откако Дитер Цече отиде во пензија. Поновата вели за загуба од 1,2 милијарди евра создадена во вториот квартал, за која како причина се наведуваат трошоците од 4,2 милијарди евра настанати како последица од глобалниот скандал со емисиите на гасовите од дизел моторите и трошоците заради масовното повлекување во сервис на автомобилите кои користат воздушни перници од Takata. Во резултатите на работењето на компанијата се наведува дека во вториот квартал годинава се остварени 5% поголеми приходи иако се испорачани за 1% помалку возила. Оваа квартална загуба е прва на Daimler после 2009 година.

Втората вест која предизвика поголема вознемиреност е новиот сопственик на 5% од акциите, кинескиот BAIC, со кои тој стана втор по големина поединечен акционер во компанијата. До ова дојде откако претседателот на Geely, Ли Шуфу, во свој посед собра 9,69 процентни учество со цел да создаде сојуз за развој на електрични и самовозечки автомобили, по што BAIC како кинески партнер на Daimler мораше да реагира за да го зацврсти својот однос со германскиот производител.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER