Dacia Spring – Германија

Вести

Евтина струја

Пролетта доаѓа во септември и носи поевтинување!

објавено 15. април 2021

Планираната септемвриска комерцијализација во Германија на првото електрично возило од Питешти ќе донесе нови возбудувања и поместувања на пазарот на ваквите автомобили. Германците веке ги тријат рацете. Имено, со најавена цена од 20.490 евра секој купувач добива државна субвенција ја намалува цената на нешто помалку од 11.000 евра. Тоа го прави најевтино електрично возило на тој пазар. Само да потсетиме дека субвенциите во висина од 9.000 евра важат за сите автомобили кои се поевтини од 40.000 евра. Spring иако го носи логото на Dacia а не на Renault, има само 44 КС и капацитет на батеријата од 27,4 kWh, тоа нема да им пречи на прагматичните германци. Стандардниот дострел е до 230 километри, а при користење само во гратски услови автономијата расте на околу 300 километри.