Електрифицирана рационалност
По добриот успех на електричниот Spring Dacia реши да влезе во клубот на производители кои имаат хибридни погони. За тоа е избран Jogger чија популарност секојдневно расте. Позајмена е техниката од Renault која овозможува солидни перформанси и одлична економичност, но цената веќе нема да му биде ниска.