Новиот хибриден G 150 погонски склоп овозможува употреба на две горива, погон на сите тркала и автоматски менувач.
Dacia го надградува асортиманот на погонски склопови за Duster и Bigster, со комбинација на хибридна технологија, бензин и ТНГ која овозможува опсег до 1.500 километри. Овој хибриден погон со две горива и 4×4 е ефикасен, разновиден, штедлив и лесен за возење.
Комбинира 1,2 литарски бензинец засилен со 48V блага хибридна технологија, испорачува 140 КС на предната оска со вртежен момент од 230 Nm, а задната ја погонува електричен мотор од 23 kW и 87 Nm. Максималната моќност изнесува 154 КС.
Моторот со внатрешно согорување е поврзан со шест степен автоматски менувач со двојна спојка со прекинувачи на воланот, а електричниот мотор со двостепенски менувач на задна оска може да се исклучи.
Кога двата мотори се во погон испорачуваат висок вртежен момент на тркалата при мали брзини, особено во прва брзина, за да се максимизираат можностите за возење надвор од патот. Оваа иновативна технологија може да се користи и до 140 км/ч за да понуди моќност, електрично возење, моторна сопирачка и перформанси на терен кога се користи втората брзина.
Во режим на возење со пренос на силата само на предната оска се елиминира губењето на енергијата и резултира со помала потрошувачка на гориво особено при константна брзина на возилото на автопат. Ваквиот концепт овозможува до 60% целосно електрично возење во градски циклус.
Системот на комбинирани горива е посебно економичен, особено ако ја земеме цената на ТНГ која во моментот изнесува 43,50 денари за литар што може да постигне значителни заштеди во секојдневното користење до 30%.
Со своите два резервоари од 50 литри, еден за бензин и еден за ТНГ, Duster гарантира опсег до 1.500 км според WLTP циклус на возење без дополнување гориво. Според производителот просечната потрошувачка е само 7,2 л/100 км со ТНГ и 5,6 л/100 км на бензин.


