Dacia – Новите планови на малиот џин

Во потрага по сопствениот пат во новата организација на Renault, романската Dacia ги најави своите планови за блиска иднина.

Според нив новата генерација на Duster ќе пристигне догодина, а во 2025-тата се очекува најголемиот модел во гамата базиран на концептот Bigster кој го видовме пред две години. Тој ќе се произведува во главната фабрика во Романија, заради што Jogger делумно ќе се сели во Мароко од каде сега доаѓаат Logan и Sandero.

Лани Dacia продаде 574 илјади возила, најмногу од Sandero и Duster а добар потенцијал има и Jogger. Значајно за компанијата која има имиџ дека произведува евтини автомобили е што оперативната маржа надмина 10 отсто, бројка на која се надеваат многу позвучни имиња. Таа и во иднина ќе расте заради трошоците за развој на нови модели кои се сведени на минимум бидејќи Renault ги испорачува платформите и погонските системи.

Истовремено од Dacia објавија дека за две години електричниот Spring привлекол повеќе од 108.000 купувачи. Но она што е интересно е дека од нив се собрани податоци за начинот на кој се користи возилото. Според нив, просечниот возач дневно поминува 31 километар, а повеќе од две третини од купувачите ни толку. Сопствениците на Spring имаат по 5,4 возења дневно, со постигната просечна брзина од 26 километри на час. И најбитното за компанијата е што дури 93 отсто од купувачите го имаат избрано Spring за свое прво електрично возило.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER