Цените на горивата остануваат исти, барем оваа недела

Македонија

Радосна вест – дериватите нема да поскапат

објавено 25 октомври 2021

Според образложението на регулаторната комисија за енергетика ваквата одлука се должи на минималните зголемувања на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар и намалувањето курсот на доларот, чии ефекти врз цените на горивата се поништија, така што на крај тие останаа исти:

  • Еуросупер БС 95 – 76,50 денари за литар
  • Еуросупер БС 98 – 78,50 денари за литар
  • Еуродизел БС Д-Е V – 68,50 денари за литар
  • Биодизел Б6 – 69,50 денари за литар