Cupra – Вулкан среде Минхен

На претстојниот IAA Mobility 2025 Cupra ќе ја претстави својата смела визија за иднината.

Тоа ќе се случи на светската премиера на изложбениот автомобил Cupra Tindaya. Во согласност на традицијата која ја започна ЅЕАТ и Cupra продолжува да ги именува своите модели според топоними од Шпанија. Tindaya е вулканска планина што се издига од островот Фуертевентура, во дивиот Атлантски Океан. Неговата карпа во бакарна нијанса го одразува потписот на Cupra, додека суровиот рељеф се поврзува со материјалите и текстурите на дизајнерскиот јазик на брендот. Студијата Tindaya испорачува максимален фокус на возачот, додека нуди уникатно искуство, подобрувајќи ги неговите емоции. Отелотворувајќи ја визијата на брендот и неговиот иден дизајнерски јазик, Cupra Tindaya Showcar треба да биде совршена симбиоза помеѓу човекот и машината, каде што искуството при возењето и емоциите го достигнуваат својот најполн израз. Дали ќе биде така ќе ве известиме од лице место.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER