Cupra Tindaya – Влегува во производство

Cupra повторно провоцира, овој пат со најавата дека футуристичкиот концепт Tindaya ќе влезе во производство.

И не само со тоа – овој фантастично обликуван кросовер треба да ја донесе марката во дворот на премиум производителите.

Претставен лани на салонот на автомобилите во Минхен тој ќе биде позициониран на врвот од асортиманот на Cupra. Патот до производствените хали ќе трае неколку години за кои веројатно ќе загуби дел од драматичните дизајнерски детали. Должината од 4,7 метри го поставува рамо до рамо со BMW iX3 и Mercedes GLC, што значи дека треба да се очекува да има цена од некои 70 илјади евра.

Екстремно модерен и динамичен, ќе има фокус на возачките искуства што уште од самите почетоци на марката е клучен дел од нејзиниот идентитет. Како техничка основа ќе биде искористена новата SSP платформа на Volkswagen групата која сé уште се развива.

Главна карактеристика ѝ е што може да поддржи и погонски склопови со мотори со внатрешно согорување, вклучувајќи ги и технологиите со продолжена автономија. Очигледно е дека се оставаат повеќе опции отворени бидејќи во моментов никој со сигурност не може да каже во кој правец ќе се развива пазарот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER