Cupra – продолжува на вода

Занимливости

Formentor ќе глисира

објавено 11. мај 2021

Јахтата D28 Formentor е создадена во заеднички проект со бродоградилиштето Де Антонио јахти со седиште во Барселона. Како показна вежба, брод за перчење, е инспирирана од Cupra Formentor и треба да се најде во продажба во ограничен број на примероци кон на крајот на годината. Јахтата De Antonio D28 Formentor развива 400 КС и може да крстари со брзина од 40 јазли (74 км/ч). Долга 7,99 метри, таа може да се продолжи за половина метар со помош на платформа. Надворешниот дизајн се карактеризира со привлечен труп во V форма во петролеј  сина боја и бројни акценти во црно и карбонски изглед. Целокупната палуба на овој модел се протега на едно ниво и е поделена на различни области. И предната и задната палуба имаат седишта и маси да смести до десет лица, а бродот има комплетно опремена бања.