Cupra Leon VZ – Само за верни следбеници

Cupra има нова посластица која ќе ја вкусат само 1.500 автомобилски гурмани

Спакувана е во каросеријата на Leon а ознаката VZ треба да каже дека има 325 коњски сили кои се пренесуваат само на предните тркала.

Агрегатот е дволитарскиот турбо од Golf GTi Edition 50 и со него за спринт до 100 километри ќе требаат 5,4 секунди. Максималната брзина не е електронски ограничена и изнесува 270 километри на час.

Пакетот го дополнуваат седумстепениот DSG менувач и електронски регулираниот диференцијал кој го распределува вртежниот момент во зависност од ситуацијата. Ослонувањето е прилагодено на силата а адаптивната контрола на шасијата во милисекунди ги врши подесувања.

Сопирачките напред се шестклипни а издувниот систем дава карактеристичен звук. Во внатрешноста се користени детали од темен хром додека инфо-забавниот систем и безбедносните асистенти останаа исти како и кај обичниот Cupra Leon.

Испораките ќе стартуваат во првиот квартал идната година по цена која се очекува да изнесува околу 50 илјади евра.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER