Continental – Nico Rosberg

Вести

Шампионот стана амбасадор

Гумарскиот гигант ја интензивира својата заложба кон околината

објавено 22. мај 2021

Заштитата на човековата околина станува императив на сите општествено одговорни компании. Една од водечките на тоа поле е производителот на премиум пневматици Continental чие залагање секојдневно се проширува. Тоа го потврди со својот нов бренд амбасадор, светскиот шампион во F1 и сопственик на Rosberg Xtreme Racing тимот Нико Розберг. И двете страни ги соединува страста кон успехот, откривањето на нови предизвици и сочувување на човековата околина. Нико Розберг ја освои титулата во ”најбрзиот циркус на светот“ пред пет години по што се повлече како натпреварувач и се фокусира на новата мисија, активно залагање за унапредување на одржливите извори на енергија, сочувувањето на околината и климатските промени.

Тоа заеднички ќе го прават во новиот циклус натпревари Extreme E кој неодамна ја одржа својата инаугуративна трка во пустините на Саудијска Арабија. Се работи за серија теренски натпревари со електрични возила.  Овој вид посветеност на конкретни мерки што ја промовираат одржливата мобилност е уште еден аспект што ги обединува Нико Розберг и Continental во нивното ново партнерство. Од своја страна, германскиот гигант врши значителни инвестиции во истражувачка и развојна работа насочена кон целта во производството да дистигне неутрална емисија на јаглерод најдоцна до 2040 година. Continental е присутен на сите пазари во светот со своите врвни производи, а претставник за Македонија е Мотоцентар каде се застапени најновите производи.