Continental – Двојна круна

Вести

Победник и „еко шампион“

Новиот зимски пневматик WinterContact TS 870 на првото место помеѓу 49 конкуренти

објавено 14. октомври 2021

На тестот за зимски пневматици на AutoBild (издание од 7/10/2021), 50 модели од меѓународни брендови со димензија 205/55 R16 H, мораа да се соочат со зимските испити. На тестовите се користеше VW Golf VIII на кого најмногу му „легнаа“ новите зимски пневматици ТЅ870 кои постигнаа врвни оценки на снег, во влажни услови и во однос на трошоците.

Поради одличната издржливост и споро абење на шарата Continental во портфолиото на ТЅ870 ја додава титулата „еко шампион“. „Нов зимски профил со импресивни карактеристики на управување во сите временски услови, кратки растојанија при сопирање, прецизност на управувањето, добра безбедност при аквапланирање, многу добра километража“, беше пресудата на експертите по тестирањето. WinterContact TS 870 е развиен за возила од мини и компактната класа.

Со новите зимски пневматици и спортските компактни автомобили можат безбедно да ја поминат студената сезона. Асортиманот на производи првично вклучува 21 артикли со дијаметар од 14 до 17 инчи, со висина на пневматикот од серија 45 до 65 и ширини од 175 до 225 милиметри. Лимитите за максималната брзина се движат до 240 км/ч. Производите од другите брендови на Continental групата Semperit, Uniroyal и Barum се пласираа меѓу 20-те најдобри модели за зимски пневматици. Секој од нив доби „задоволителна“ оценка. Во севкупниот резултат, четири производи на тестот постигнаа „примерен“ рејтинг, четири беа „добри“, а 12 беа „задоволителни“.