Дисплеј интегриран во кристал наменет за луксузна внатрешност кај премиум возилата
Со цел да се реализира спојот на технологијата и естетиката, познатиот производител на автомобилски компоненти Continental влезе во соработка со Swarovski Mobility. Овој спој резултираше со екран интегриран во кристал. Со големина од 10 инчи, дисплејот е базиран на MicroLED технологија има значително поголема осветленост и подобри вредности на контраст од споредливите технологии.
MicroLED панелот што генерира слика е вграден во тридимензионално кристално тело и дава илузија на слободно лебдечки приказ на содржината. Како централен елемент, овој дисплеј се издвојува од претходно познатиот внатрешен дизајн со цел да се добие нов и емотивен впечаток кај идните премиум возила со персонализирано корисничко искуство на повисоко ниво.