Citroen имаше големи амбиции за C5 X, но тие не се исполнија и тој се симнува од репертоарот
Двојниот шеврон отсекогаш бил провокативен со своите модели, посебно поголемите. Не само технички туку и со осмислувањето на целокупниот концепт за настап на пазарот. Така требаше да биде и со C5 X кој е нешто меѓу лимузина и кросовер.
Квалитетите му ги зголемуваа и плаг-ин хибридните верзии а за цената да биде поприфатлива се произведува во Кина. Но тој се покажа како големо фијаско. Марката од него лани продаде само 4.300 примероци што е за две третини помалку отколку во претходните две години колку што е на пазарот. Што не им се допадна на купувачите тешко е да се каже. Можеби цената која стартуваше од нешто над 40 илјади евра, можеби прескромната моќност на погонскиот систем меѓу 130 и 225 коњски сили но поверојатно неговото потекло.
Citroen не е единствена европска марка што продава возила од Кина – тоа го прават и Volvo, Dacia, BMW а сега и Seat, но е прва што ќе го прекине тоа. C5 X едноставно не се поврза со купувачите и дефинитивно исчезнува од ценовниците на нејзините дилери. Тестирањето на трпението на менаџментот на компанијата не помина – повеќе се нема слух за вакви експерименти, посебно не што истото се случува и со DS9.