Новата интерпретација на Citroen за лимузина покажува современ пристап и атрактивни пропорции. Во генетскиот код на „двојниот шеврон“ е да биде авангарден па понуди сосема поинакво решение од останантите конкуренти правејќи несекојдневна фузија на неколку стила. Овој модел вдахнува нов живот во сегментот на големи автомобили со оригиналниот дизајн и раскошните пропорции, комбинирајќи стилови типични за седан, караван и кросовер.
Маркантниот надворешен изглед подржан е со просторна и удобна патничка кабина која зрачи со смиреност и исполнета е со модерна технологија. C5 X отвора нов хоризонт со активното потпирање Citroën Advanced Comfort, кое дополниетелно го нагласува ефектот на „волшебен килим“, чувство тесно поврзано со историјата на Citroën. Во салонот на Автонова сместени се двете верзии на моторизација. Бензинските мотори ги застапуваат припадниците на PureTech генерацијата со моќност од 130 и 180 коњи. Верзијата со плаг-ин хибриден погон испорачува 225 КС погонувајќи ја каросеријата со нула емисии на CO2 повеќе од 50 km во електричен режим што е доволно за дневните потреби на повеќето корисници. Чувството на благосостојба во патничката кабина е зголемено преку напредните технологии што ја поедноставуваат употребата на автомобилот. На пример, проширениот Head Up Display, како и цела низа функции за помош во возењето што го намалуваат менталното оптоварување на возачот, како Highway Driver Assist, или новиот интерфејс за информации и забава со централен 12″ HD екран на допир, гласовно препознавање и прилагодлив дисплеј со додатоци.
.