Благодарение на подолгото меѓуоскино растојание, новиот C3 Aircross нуди три реда седишта и бензински, хибридни и електрични погонски единици
Citroen официјално го претстави новиот C3 Aircross, модел што носи нов пристап во сегментот на мали кросовери.
Генерацијата во заминување најмногу критики добиваше за просторот на задната клупа, односно поради малиот простор за нозете. Сега, покрај возбудливиот и храбар изглед, C3 Aircross доби значително проширување на должината. Тоа го овозможи новата платформа на Stellantis, но исто како минатата недела претставената Opel Frontera, и Citroen ја прескокнува информацијата за меѓуоскиното растојание.
Затоа пак нагласено е дека C3 Aircross е најголемиот во својата класа и ќе има трет ред седишта. Со 4,39 метри должина новиот C3 Aircross е за 24 сантиметри подолг од стариот модел, а призводителот тврди дека поради поисправеното задно стакло патниците од третиот ред нема да мора да ги наведнуваат главите.
Citroen во оваа фаза не ги опиша деталите за погонските агрегати, но вели дека сите постоечки опции од арсеналот на Stellantis ќе бидат достапни. Доколку се видат веќе понуденото кај С3, извесно е да очекуваме C3 Aircross да го задвижува 1,2 литарскиот турбо мотор со и без 48 волтна хибридна помош.
И за љубителите на ЕВ ќе има опција за целосно електрична верзија со 156 КС и автономија поголема од 400 километри. Citroen најави дополнителни технички детали за C3 Aircross и откривање на внатрешноста во следните недели, а продажбата би требало да започне во третиот квартал на годинава.