Citroen Basalt Vision – Кросовер купе за пазарите во развој

Новиот Basalt ветува дека ќе понуди привлечен стил во практично пакување кога ќе дојде на пазарот во текот на годината

Јужна Америка и Индија станаа тест полигон за остатокот од светот, или, таканаречените „пазари во развој’. Среќна околност е фактот што дизајнерите оваа задача ја сватија многу сериозно, па гледаме кул изведби за кои се надеваме дека ќе дојдат кај нас по популарни цени.

Baѕalt е купе-кросовер кој треба да се лансира на пазарите во Индија и Јужна Америка во втората половина на 2024 година. Предниот дел изгледа многу слично на Citroen C3 Aircross со одредени прилагодувања на предницата. Поконкретно, варијантата со индиски спецификации има поубави LED ленти на фаровите, во контраст со халогените единици кои се наоѓаат на јужноамериканската верзија.

Задниот дел е привлечен и адут на Citroen Basalt, кој може да се пофали со силно наклонето задно стакло, LED задни светла во форма на буквата C, цврст браник и извајана врата со интегриран спојлер. Креаторот не даде никакви фотографии од внатрешноста, но таа треба да биде во согласност на репутацијата на марката. Како и кај новиот C3 и новиот C3 Aircross, платформата е конфигурирана специјално за да ги задоволи потребите на клиентите во Индија и Јужна Америка. Ова значи дека има различно поставување во споредба со механички поврзаните модели достапни во Европа.

Во првичните информации „двојниот шеврон“ не ги сподели спецификациите за опциите на погонската единица, но се очекува познатиот 1,2-литарски бензински мотор со турбополнач со 110 и 130 КС. Не е исклучена можноста Basalt да се појави со целосно електрична верзија во 2025 година. Називот Basalt е потврден за конечниот сериски модел, што го означува првото отстапување од стратегијата за именување на Citroen, која ја вклучува буквата „C“ проследена со број, или ознаката „Aircross“ за кросовери. Кога ќе пристигне во втората половина на  годинава, Citroen Basalt ќе се натпреварува со FIAT Fastback во Јужна Америка и со Tata Curvv во Индија.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER