Citroёn All:e – Рационалност и егзистенционален минимализам

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Иднината подржана од минатото

Со најавата на менувањето на заштитниот знак, кого во Citroёn го нарекоа враќање на своите корени, во Париз двојниот шеврон претстави студија кој треба да ја слави функционалноста, употребливоста и едноставноста.

Претставувањето пред публиката на концептот Oli најавува не само ново поглавје на марката, туку и нов пристап во рационалноста. Р

ака на срце тоа и се направи со Ami, претставен пред пандемијата, и не случајно студијата понесе име кое може да се интерпретира со две изговарања. All:e или Oli е мисија на неконвенционалност со која се нуди некомплицирана, целосно електрична мобилност за секого. Токму како 2CV, кај нас познат како Спачек, во спротивност со сите естетски стандарди Oli, кој веројатно никогаш нема да излезе од лентата за склопување, има мисија да даде многу идеи и детали за дизајнот што ќе се најдат во идните сериски модели. Лидерот на Citroёn, Винсент Кобе, верува дека електрификацијата не треба да биде скапа, па затоа треба да се сменат трендовите со тоа што возилата ќе станат полесни и поевтини преку изнаоѓање инвентивни начини за да се максимизира нивната употреба. Со должина од 4,20 метри (висина 1,65 метри, ширина 1,90 метри), Oli е семеен автомобил, но со тежина од околу еден тон е еден од лесните меѓу електричните возила.

Батеријата од 40 kWh треба да овозможи автономија од 400 километри, што се постигнува и со максималната брзина, која е ограничена на 110 km/h. Десет kWh се ветени како потрошувачка, а складирањето енергија во опсег од 20 до 80 проценти треба да се наполни во рок од 23 минути. Во исто време, батеријата може да се користи како извор на енергија за други електрични уреди.

Целиот концепт беша намерно развиени со цел економично производство и заштеда на тежина. Двете предни врати се идентични, додека рамната хауба, покривот и задниот товарен простор се направени од рециклиран брановиден картон, кој е формиран во саќе структура помеѓу арматурите од фиберглас. Седиштата со мрежест наслон имаат 80 отсто помалку делови од традиционалните, а подот може да се пере и е направен од рециклирани материјали.

Дизајнерите го поставија Oli со тркалата од 20 инчи, кои се направени од комбинација на челик и алуминиум и се 15 проценти полесни од еквивалентно челично тркало. Заедно со Goodyear, инженерите на Citroёn ја развија концептниот пневматик Eagle GO, чија структура се состои исклучиво од одржливи или рециклирани материјали како што се сончогледово масло или пепел од лушпа од ориз, како и борови смоли и природна гума, заменувајќи го каучукот.

Длабочината на шарата од единаесет милиметри може да се обнови двапати за време на животниот век на пневматиците, што би овозможило вкупна километража од половина милион километри. Во внатрешноста продолжува откажувањето од наводно излишните работи. Контролната табла се протега низ целата ширина на возилото. Oli никогаш нема да оди во сериско производство бидејќи тој е работна платформа за истражување на генијални идеи кои се реални за идното производство. Ако е така, тогаш со нетрпение се очекуваат резултатите од истражувачката платформа.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER