Corvette станува електричен бренд на Chevrolet?
Електрифицираната Corvette C8 ќе пристигне во 2023 година, а подоцна и целосно електрична верзија. Така барем најавија челниците на Chevrolet но не појаснија дали спортскиот автомобил ќе користи хибриден или plug-in хибриден погон, ниту кога ќе го видиме во потполно електрична верзија. Важно веста е официјално потврдена веста. Наелектризираната Corvette навестува погон на двете оски. Хибридните изведби на Corvette веќе некое време се забележуваат на тестирање на Нирбургринг. Се верува дека Chevy може да ja користи ознаката E-Ray што GM ја има заштитено од 2015 година за хибридните модели. Земете ја оваа информација со резерва, но во 2020 се најави дека врвниот хибриден модел под кодното име „Зора“ ќе комбинира 5,5-литарски турбо V8 со електричен мотор, ќе произведува 1.000 коњски сили и 1.322 Nm.
Ако е приклучен хибрид, тогаш пакетот батерии сигурно ќе додаде тежина, но исто така може да овозможи целосно електрично возење од најмалку 56 км. Се споменуваше и втор хибриден модел наведен под името Grand Sport со 6,2 литарски V8 кој испорачува 600 КС и 678 Nm, кој може да биде обичен хибрид и е на ниво на шпекулација. Додека гласините за целосно електрична Corvette кружат со години, имаме многу малку информации за спецификациите на спортскиот автомобил. Можно е Chevrolet под брендот Corvette би можел да лансира теренец, а таквите претпоставки ги подгреа дизајнерското студио на компанијата кога неодамна сподели скица што силно навестува Corvette кросовер. Некои извори шпекулираат дека би можел да пристигне во 2025 година, со можност Corvette да еволуира во целосно развиен подбренд.


