Четврта титула за PureTech моторот

Четврта титула за PureTech моторот

Бензинскиот PureTech турбо мотор на PSA по четврти пат е прогласен за мотор на годината
Објавено на 13 јуни 2018 година

Од година во година, PureTech моторот на PSA реди признанија. Некои се нови, а некои се повторуваат, со што овој турбо мотор докажува дека сé уште е ненадминат. Најзначајното меѓу нив е титулата „Мотор на годината“, која овој трицилиндричен агрегат во изведбите 110 S&S и 130 S&S по четврти пат ја освои во категоријата од 1 до 1,4 литри. Новата генерација на PureTech моторот со своите подобрени перформанси и зголемена ефикасност гарантира намалување на потрошувачката во просек за 4% во споредба со претходната генерација на мотори и намалување од 75% на емисија на честички благодарение на FAP филтерот и почитување на стандардите RDE предвидени да стапат на сила од 2020 година. Новата генерација на овие бензински мотори започна да се вградува во 2017 година и оттогаш масовно се среќава кај возилата од групацијата PSA во повеќе од 70 држави. Овие мотори кои ги исполнуваат европските Еуро 6 регулативи се адаптирани за новата CMP платформа за урбани возила, лимузини и компактни SUV возила.

Алан Рапозо, Директор на секторот за моторен погон и шасии во групацијата PSA изјави: „Горди сме на оваа престижна награда четврта година по ред, која е доказ за компетентноста и стручноста на нашите конструктори. Денес овој мотор е дел од многу возила кои бележат огромен успех кај нашите клиенти. Конкурентноста и ефикасноста на нашата гама бензински мотори, особено трицилиндричниот PureTech мотор, е светски позната и призната“. Во моментов овој мотор се произведува во француските фабрики во Па де Кале и Мозелм, како и во кинеската фабрика Ксианд Јанг.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER