Nissan Ariya – Solar Power Concept

На светол сончев ден, со помош на соларни панели, ЕВ можат да ја зголемат автономијата за 23 километри повеќе! Автомобилите поминуваат многу време надвор, што претставува голема можност за електричните возила опремени со соларни панели да ја зголемат автономијата, односно да ја надополнат изгубената енергија во батериите. На својот електричен кросовер Ariya, Nissan вгради фотоволтаични […]

За Opel, 2025 беше успешна година

Бројните интернационални награди од минатата година, меѓу кои и од Македонија,  докажуваат колку добро е прифатено триото кросовери на Opel Mokka, Grandland и Frontera се три различни по големина кросовери од Руселсхајм, но секој од нив докажа дека има специфична големина која знаат да ја ценат купувачите и стручњаците. Покрај интригантниот дизајн што секој од […]

Ferrari 12Cilindri Tailor Made

Уникатно скроен за Јужна Кореја и тоа во само еден единствен примерок Оддавајќи почит на јужнокорејската традиција Ferrari претстави единствена Tailor Made креација на 12Cilindri. Подготвен од нивното одделение за персонализација овој автомобил е резултат на скоро двегодишната мултидисциплинарна соработка меѓу стајлинг центарот на италијанската марка и четири тамошни уметници. Надворешноста чија боја се прелева […]

Italdesign – Почит кон Honda NSX

Italdesign има нов сопственик и се зафати со храбра мисија Honda NSX не се произведува од 2022-рата, но на многу ентузијасти овој спортски автомобил им е прираснат за срце. Уште не е јасно дали и кога повторно ќе биде вратена во производство.  За таа цел Italdesign направи некои трансформации како дизајнерско наследство од првата генерација […]

Argo Sasquatch – За освојување на нови планети

Ретко кој има слушнато за канадската компанија Argo која скоро шест ипол децении нуди возила подготвени да се справат со најпредизвикувачките теренски услови каде и да е во светот.   За што се способни може да се претпостави со само еден поглед – далеку од изгледот на робусните теренци тие се работни машини приспособени на […]

FIAT – Ограничување на максималната брзина

Чудни вести пристигнуваат од Fiat – директорот на италијанскиот производител Оливие Франсоа изјави дека тој би ја ограничил брзината на градските автомобили на марката како алтернатива на вградувањето скапа безбедносна технологија. Предлогот е ограничувањето би било поставени на само 118 километри на час колку што претставува просечната законски дозволена максимална брзина на европските автопатишта. Според […]

Toyota – Од Америка за Јапонија

Toyota му се поклони на Трамп и од наредната година на домашниот јапонски пазар ќе започне да продава возила произведени во Америка, со намера како што е наведено да се подобрат трговските односи меѓу двете земји. За почеток само со цел тестирање на побарувачка и интересот на купувачите, ќе бидат понудени лимузинскиот Camry, кросоверот со […]

Mercedes-Benz CLA Hybrid – Германец од мешан брак

Хибридната верзија на CLA не е толку германскa колку што Mercedes сака да мислите дека е! Новиот компактен седан CLA е атрактивно обликувано возило и ги содржи сите атрибути што Mercedes-Benz ги негува, но хибридната верзија е малку поинаква од другите. Не само што носи нов хибриден погон, овој CLA користи и мотор кој не […]

Ford Start Inhibit

Во Америка годишно се крадат околу 850 илјади возила. Меѓу најпривлечните за криминалците е Ford F-150 заради што детроитската компанија воведе нова услуга за заштита. Наречена е Start Inhibit и во основа се состои од технологија која овозможува далечинско блокирање на возилото. За да се користи сопствениците треба да инсталираат апликација која ги известува кога […]

Geely Galaxy V900 – Гинисов рекорд

Стана на мода да се соборуваат рекорди, овој пат тоа го стори Geely Кинезите на гинисов начин ја илустрираа пространоста на новиот миниван Galaxy V900. Долг 5,36 широк два и висок 1,94 метри, тој во својата внатрешност собра дури 42 лица. Дека не се работи за пропаганден трик покажува тоа што протагонистките од танчерската група […]