Видео – Volkswagen ID. Polo

Polo со децении се залагаше за практичност на четири тркала, компактна големина, лесна достапност и широка секојдневна употребливост. По 20 милиони продадени примероци, седмата генерација има за цел да го пренесе овој имиџ во електрична форма и да покаже дека електричната мобилност не е ограничена само на скапи модели.
Видео – Porsche Cayenne Coupe Electric

Porsche Cayenne Coupe Electric претставува дооформување на електричната понуда на компанијата. Тој ги има истите спецификации како и класичниот Cayenne, но поради подобрата аеродинамика троши помалку струја.
Видео – Hyundai Ioniq 3

Сите го чекаме денот кога ЕВ ќе бидат достапни за широката маса. Можеби Hyundai има решение. Ioniq 3 e rазвиен во Германија, прилагоден e на потребите на европските клиенти, комбинира нов дизајн со модерна технологија, ефикасен погонски склоп и невообичаено пространа внатрешност за својата класа.
Видео – Cupra Born 2026
Првото БЕВ на Cupra доживеа редизајн со кого застанува рамноправно со останатите европски БЕВ.
Видео – Porsche Cayenne Coupe Electric

Porsche Cayenne Coupe Electric претставува дооформување на електричната понуда на компанијата. Тој ги има истите спецификации како и класичниот Cayenne, но поради подобрата аеродинамика троши помалку струја.
Видео – Mercedes-Benz C-Class Electric

Mercedes-Benz ја прифати тактиката на BMW, само ја преформулира. Додека моделите со конвенционален погон продолжуваат да се произведуваат, нивните електрични наследници фатија еден поинаков смер. Штотуку претставената C-Class Electric со должина од 4,88 метри, е за 13 сантиметри подолга од нејзиниот брат со мотор со внатрешно согорување и само за шест сантиметри пократка е од […]
Нова епизода – Avto Magazin S30 E32

Cветот на автомобилскиот бизнис е вибрантен и доаѓаат настани кои некогаш биле незамисливи. Таква е информацијата дека Bugatti стана хрватска компанија. Mercedes ја претстави електричната C-Class, дали европјаните со помош на Ioniq 3 ќе добијат евтино електрично возило? Porsche го лансира Cayenne Coupe Electric, BMW ја освежи луксузната серија 7, Stellantis направи нова и зачудувачка […]
Видео – Volkswagen ID.3 Neo

Во 2019 година, Volkswagen го лансираше компактниот ID.3, својот прв целосно електричен автомобил. После шест години и околу 628.000 произведени единици, доаѓа неговиот наследник, ID.3 Neo, кој ја задржува својата основна форма.
Видео – Возење на лева и десна страна

На планетата во две третини од државите се вози од десната страна. Сепак не е мал делот на светската популација која вози, за нас од погрешната, лева страна. Од каде дошло ова и зошто е така следува одговорот.
Видео – Toyota Yaris Cross

Новото издание донесува помодерен дизајн и унапредена опрема. Највпечатливата промена е на предниот дел каде новата маска со нагласени саќести отвори на Yaris Cross му дава поелегантен визуелен идентитет дополнително изострен со редизајнираните светла.