Видео – Dacia Paris motor show 2024

Најголем подем на продажбата во групацијата Renault бележи Dacia. Рационалниот пристап е задржан и во Bigster, досега најголемото возило што марката го имала.

Видео – BMW & Mini Paris motor show 2024

BMW се потруди да остави силен впечаток во Париз. Најавувајќи ја Neue Klasse за следната година, новиот BMW i5M и две премиери на MINI со електричен погон.

Видео – Renault Paris motor show 2024

Renault секогаш настапите на саемите ги сметал за нешто посебно, па затоа на домашниот терен се потруди тоа да биде величенствено

Авто Магазин – Нова епизода

Парискиот салон на автомобили се одржа по 90-ти пат. За разлика од изданието пред две години, сегашното влева оптимизам дека саемите за автомобили повторно се враќаат на сцената. Авто Магазин беше на лице место и ви ја пренесува атмосферата и најважните премиери

Test BMW X3 20 xDrive – Видео

Новата генерација, четврта по ред, ветува дека ќе продолжи таму каде претходната застана. Настапува со помодерен дизајн, суптилни механички промени и проверени мотори кои добија засилување од благ хибриден систем…

Skoda Elroq – Видео

После многу најави Škoda го престави електричниот Elroq. Загревањето на јавноста беше оправдано – ако Enyaq ги постави, Elroq ги зацврстува темелите на електричната иднина на марката.

Peugeot e-408 – Видео

Peugeot вети дека ќе стане потполно електрична марка. Тоа ветување го потврдува со лансирањето на e-408

Dacia продаде еден милион возила со погон на плин – Видео

Иако во многу земји па и кај нас течниот нафтен гас е популарно гориво за автомобилите, ретки се производителите кои фабрички го вградуваат. Dacia пак е единствена марка која го има низ целата своја гама – Sandero, Logan, Joger и Duster.

Chrysler Voyager се враќа – Видео

Соочен со штрајкови и опаѓање на продажбата на американскиот континент, Stellantis е приморан да бара алтернативни решенија за ублажување на последиците од незавидната ситуација во која се најде со прекумерното кратење на гамата. Во тој процес најмногу настрадаа моноволуменците за чие постоење најмногу е заслужен Chrysler.