Xiaomi SU7 Ultra – Видео

Со повеќе од 1.500 коњи, забрзување од стоечка позиција до стотка за помалку од две секунди и нов рекорд за електрични возила на Нурбургринг, доаѓа Xiaomi SU7 Ultra и во Кина се продава за 109.000 евра.

Авто Магазин – Нова премиера

Минатата седмица немаше спектакуларни новости што се однесува до модели на возила, но имаше доста занимливости. Една од најшокантните е што новата генерација на Mercedes CLA што ќе биде претставена идната година ќе има 1,5 литрен турбо бензинец од Кина. Од Кина доаѓа и новиот Xiaomi SU7 Ultra кој има повеќе од 1.500 коњи и […]

Rolls Royce & Aston Martin во омаж на Goldfinger

Rolls Royce & Aston Martin во чест на 60 годишнината од премиерата на Goldfinger дел од серијалот за 007, направија специјални модели кои чинат повеќе од продукцијата на филмот

BMW 2 Gran Coupe 2025 – Видео

Иако се комуницира како нова, всушност BMW 2 Gran Coupe е силно ревидирана по теркот на неодамна лансираната Серија 1 која побуди бројни реакции по прашање на изгледот на предницата. Сега „двојката“ добива помоќни мотори, порасна во висина, должина и опременост.

Audi A5 2024 – Видео

Шемата за именување употребувана 30 години, се редефинира и Audi врти нова страница. А4 станува А5. Во иднина, непарните броеви ќе бидат резервирани за моделите со мотори со согорување, додека електричните модели ќе се означуваат со парни броеви. Секако дека „господарот на прстените“ не остана само на реименување на моделот, туку обезбеди, покрај новата платформа, […]

Test Opel Grandland Electric – Видео

Со претставувањето на новата генерација на Grandland, Opel влегува на постојано растечкиот пазар на електрични кросовери од Ц сегментот и има добри аргументи…

Nissan Murano 2025 – Видео

По десет години јапонската марка конечно го прикажа новиот знаменосец. Новиот имиџ на Murano конечно е тука и неговиот изглед воопшто не изненадува. Тој е ускладен со електричната Ariya и новиот Qashqai па дава надеж дека, покрај американците, ќе биде понуден и на европјаните. На оваа теорија поткрепа даваат повеќе параметри што се интегрирани во […]

MINI Cooper Convertible 2025 -Видео

Летото веќе не напушти, но тоа не пречеше MINI да ја лансира кабриолет верзијата на моделот Cooper. Под мотото „Секогаш отворено“ лансирана е новата генерација кабриолети од Оксфорд и изобилува со уникатни карактеристики кои совршено ја отелотворуваат отвореноста на марката.

Alpine Paris motor show 2024

Alpine,спортската марка на Renault, во автомобилскиот преферанс на големо игра на картата на водород. Според се судејќи, тоа ќе биде добитна комбинација…