Фабриките за батерии во проблеми

Во очекување на експлозивен пораст на продажбата на електрични возила, минатата деценија инвестирањето во фабрики за производство на батерии изгледаше како одлична деловна можност. Сега се бара спас…
Интервју со Виктор Мизо

Виктор Мизо, генералниот директор на Костал Македонија и потпретседателот на Стопанската комора на Македонија за странски инвестиции, беше наш гостин. Во ова интересно интервју ги согледавме актуелните состојби во автомобилската индустрија.
Видео – Најдобрите на EuroNCAP во 2024

Euro NCAP смета дека е особено охрабрувачки е што производителите на автомобили продолжуваат да ставаат значителен акцент на безбедносните иновации и опремувањето на автомобилите со најновите безбедносни системи. На темелните тестови за безбедност, пет автомобили од Кина, Германија и Јапонија го поставија стандардот за безбедност на возилата.
Видео – Aptera

Калифорниската компанија Aptera Motors гордо објави дека сериското производство на нивниот соларен автомобил ќе започне во блиска иднина и по папрена цена
Видео – Aston Martin Vantage Roadster

Беше прашање на време кога ќе се појави родстер верзијата на Vantage. Со неа Aston Martin остана доследен на своите определби да биде најгосподскиот производител на супер автомобили
Видео – Ferrari F80 & 12 Cilindri

Од ергелата Ferrari годинава ќе пристигнат два модели. Новиот F80 место V12 ќе има само V6 мотор, но затоа заменикот на 812 наречен Dodicicilindri, како што му е името, ќе го има V12 монструмот.
Видео- Dodge Charger & Charger Daytona

Гледајќи пазарен потенцијал што другите не можат да го видат, Stellantis реши да ги испровоцира европските купувачи на кои ќе им го понуди Dodge Charger. Американскиот мускулест автомобил ќе доаѓа и во двете свои изданија – бензинското и она на струја со суфикс Daytona.
Видео – Nilu27

Поранешниот шеф на дизајнот на Koenigsegg и Bugatti Саша Селипанов одлучи да стартува со сопствен хиперавтомобил. Наречен Nilu27 за него може да се каже дека истовремено е и убав и брутален.
Видео – Skoda Enyaq 2025

По четири години служба, рестилизиран е првиот електричен модел од Млада Болеслав. Enyaq беше претставен во 2020 година, а неговиот купе-кросовер пандан две години подоцна. Неодамна се одржа премиерата реситлизираната генерација на двете каросериски верзии со бројни ажурирања типични за средината на животниот циклус.
Suzuki E Vitara & Toyota Urban + BZ4X

Од далечниот исток доаѓаат се посилни ветришта. Кореанците и Јапонците го држат чекорот, но се чувствува сѐ посилно кинеско присуство на Стариот континент. Моделите што ни доаѓаат од таму го зголемуваат својот удел на пазарот а за годинава се најавуваат неколку модели кои ќе им предизвикаат главоболки на староседелците.