Карлос Таварес – Поднесе оставка

Групацијата Stellantis бара нов извршен директор по синоќешната оставка на Таварес

Помалку неочекувана, но секако добредојдена, дојде веста дека кормиларот на групацијата Stellantis поднесе оставка. Неговиот мандат требаше да истече на крајот на идната година по што требаше да замине во пензија.

Управниот одбор на компанијата, под претседателство на Џон Елкан, ја прифатил неотповикливата оставка на Карлос Таварес. Додека не се избере нов, должностите на изврешен директор ќе ги превземе претседателот на групацијата Џон Елкан кој е искусен професионалец во автомобилската индустрија и е внук на Џани Ањели, оснивачот на FIAT. „Ние смеа благодарни на Карлос за неговата долгогодишна посветена услуга и улогата што ја одигра во создавањето на Stellantis, поставувајќи нè на патот да станеме глобален лидер во нашата индустрија.

Со нетрпение очекувам да работам со нашиот нов Привремен извршен комитет, поддржан од сите наши колеги од Stellantis, додека го завршуваме процесот на назначување на нашиот нов извршен директор. Заедно ќе обезбедиме континуирано распоредување на стратегијата на компанијата во долгорочни интереси на Stellantis и сите нејзини засегнати страни“ изјави Еклан. Карлос Таварес е архитект на групацијата Stellantis која опфаќа 14 бренда од Европа и САД.

Најголемите критики доаѓаа токму од САД каде новите производи и филозофијата на унифицирање не вроди со плод. Со својата бизнис стратегија тој сакаше да ја зголеми профитабилноста со унифицирање на платформите, моторизацијата и свртување кон електрификацијата. Оваа стратегија стана контроверзна бидејќи марките што го градеа својот имиџ со децении мораа да се откажат од својот идентитет во новите модели, која се покажа како несоодветна за купувачите и профитабилноста.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER