Can-Am влегува во бизнисот со електрични мотоцикли

Канадската компанија Can-Am е позната во светот по алтернативните возила, а сега започнува со мотоцикли на струја

По квад возилата, трициклите и мотоциклите, Can-Am од почетокот на идната година на европскиот пазар влегува со своите електрични двотркалци.

Како дел од канадската BRP, марката ќе ги пласира двата електрични модели Pulse и Origin. Нив ги задвижува мотор изработен од Rotax.

Како што најавуваат од таборот на Can-Am времето на полнење ќе биде разбирливо. Батеријата од 8,9 kWh, која ќе биде вградена во двата модели,  од 20 проценти на 80 проценти ќе и требаат помалку од еден час полнење на ѕиден полнач.

Can-Am Pulse по конструкција е во класата на гол мотоцикл и има голем дисплеј на допир од 10,25 инчи и оперира со Apple CarPlay. Постојат четири режими на возење. Pulse е наменет за градски сообраќај, каде би требало да постигне домет до 160 километри.

Can-Am Origin е дизајниран како ендуро и треба да има работен радиус од околу 145 километри во градот. Постојат два дополнителни режими за теренско возење. Производството е планирано да започне во четвртиот квартал кога треба да се споделат и податоците околу перформансите на двата мотоцикли.

фотографии: ampnet/BRP

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER