Два нови е-моторцикли
Канаѓаните најавуваат нови производи на пазарот на електрични моторцикли. Припадничка на групацијата Бомбардие долго време е референца на пазарот на рекреативни теренски возила, првенствено позната по моделите на три тркала Spyder и Ryker. Сега Can-Am најави два нови мотоцикли, Origin и Pulse, кои има намера да ги лансира во летото следната година. Тие се наменети за различна група купувачи. Првиот е неменет за „јавачите“ што претпочитаат ендуро конструкции, а второто треба да служи како урбано превозно средство. Производителот не даде никакви технички информации, но напоменува дека BRP (Bombardier Recreational Products) сака да ја надополни својата програма за спортови на вода најавувајќи дека ќе го електрифицира Sea-Doo. Новиот скутер за вода ќе го носи името Rise, ќе има електрична хидрофолна плоча и треба да биде претставен ва средината на 2024 година.