Cadillac ги заштити имињата Vistiq, Lumistiq и Escalade IQL

Вести

После Liriq, ќе следат Vistiq и Lumistiq

објавено на 24 ноември 2021

На патот кон својата електрична иднина која ќе стане целосна во 2030 година Cadillac ќе стартува со Liriq а ќе продолжи со Vistiq и Lumistiq додека Escalade ќе добие додавка IQL. Така велат информациите кои не може да се скријат бидејќи доаѓаат од државните агенции за заштита на интелектуалната сопственост на кои Cadillac им се има обратено со барање да ги регистрира наведените ознаки за своите идни модели. Тоа само по себе не значи и дека навистина иднината така ќе се одвива, но во овој момент е сигурен показател за плановите на компанијата. За жал без никакви детали кои можеби ќе ги дознаеме после почетокот на продажбата на првиот нивни електричен модел Liriq, закажан за пролетва што доаѓа. Затоа засега може само да погодуваме дека се работи за SUV модели, но ништо повеќе од тоа.